Владата даде зелено светло за изградба на мали сместувачки капацитети на Галичица
13.09.12 00:05
Комитетот за туризам при Владата на седницата што се одржа вчера ја разгледал информацијата за отпочнување на постапка за градење на нови сместувачки капацитети со „планинска конотација“, односно мали хотели и апартмани на повеќе локации во земјава, меѓу кои и на планината Галичица. Вакви капацитети предвидено е уште да се изградат и на Пониква, Берово, Крушево, Голак, Пехчево, Вевчани, Лазарополе, Смоларски водопади, Галичник, Тресонче, Радовиш и Гари.
Комитетот за туризам расправал и за Стратегијата за медицински туризам, за развојот на новите форми на туризам во националните паркови, како и за проектот за изградба на планинарски и велосипедски патеки. На седницата била разгледана иницијативата за формирање на Национална асоцијација на македонски винарии, како и можноста за посета на ловните капацитети од страна на туроператори од Италија кои би помогнале во развој и промоција на ловниот туризам.
Исто така се разговарало и за реализацијата на проектот за изградба на атрактивен ски центар Попова Шапка.
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари работна средба со амбасадорката на Република Чешка во Северна Македонија, Ирена Гецова, на која се разговараше за актуелните предизвици на опш...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со Оливер Димоски, кој ја извршува функцијата заменик-градоначалник на општината Сент Џорџ (Georges River Council) во Сиднеј,...
Избрани најдобрите творби на конкурсот „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“ кој го распиша Општина Охрид Oвој еко проект е во соработка со основните училишта на терито...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.