Министерот за европски прашања Васко Наумоски и заменик министерката за информатичко општество и администрација, д-р Мирјана Секулоска, денеска на Меѓуопштинскиот центар за социјални герижи во Охрид му ја предадоа помошта наменета за социјално загрозени граѓани.


Помошта се состои од облека и обувки, запленети во акцијиите на Царинската управа и инспекциските служби, кои центарот согласно потребите и приоритетите ќе ги распредели до крајните корисници, односно граѓаните на кои истата им е потребна.

– На овој начин покажуваме деке сме свесни за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија, свесни сме за нивните потреби и се обидуваме колку  што можеме да ја олесниме нивната ситуација. Знаеме дека е потребно уште многу работа, но во наредниот период ќе се обидеме заедно со институциите да помогнеме во решавање на овие проблеми, истакна вицепремиерот Наумоски, додавајќи дека слични акции владата денеска реализира во повеќе центри за социјална работа во земјава.


Заблагодарувајќи се за донацијата, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Екрем Каљоши, истакна дека таа ќе биде наменета за корисниците на социјална помош.

– Се надевам дека во иднина ќе имаме повеќе разбирање и помош за луѓето кои се социјално загрозени во Охрид, рече Каљоши.

Тој истакна дека врз основа на добиената помош и потребите на социјално загрозените групи, ќе бидат изготвени критериуми по што ќе почне распределбата.

OhridNews