Владата на денешната седница иницијатива на претседателот Никола Груевски донесе одлука да ги награди членовите на македонската кошаркарска репрезентација со по 3.000 евра за досегашните постигнати успеси на Европското првенство во кошарка во Литванија, соопштуваат од Владата.
-Доколку членовите на репрезентацијата на Република Македонија освојат пласман меѓу првите шест репрезентации на Европското првенство во кошарка, со што се дава можност за пласман на Олимпијадата во Лондон во 2012 година, ќе добијат дополнителна награда од по уште 5.000 евра“ најавуваат од Владата.
Македонските јунаци првата фаза од натпреварите ги завршија на првото место во Ц групата победувајќи ги Грција, Хрватска , БИх и Финска.
Македонија во осминафиналната група ќе игра против Русија, Словенија и Грузија. За пласман во четвртфиналето математички потребна ќе ни биде само една победа над конкурентите.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com