Владата за спроведување на изборите, на седницата одржана во четврток, одлучила да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, кои се донесени во периодот од 07.04.2016 година до 14.04.2016 година.
„Одлучувањето на Владата е направено врз основа на Законот за Владата во законска постапка. Потсетуваме дека на 07.04.2016 година, постапувајќи врз основа на член 30 став 2 од Законот за Владата, Владата одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика кои беа донесени во периодот од 11.11.2015 година до 07.04.2016 година, затоа што во законска процедура беше констатирано дека овие акти на наведените министри беа донесени спротивно од членот 46 ставовите 2 и 3, а во врска со членот 47 од Законот за Владата“, се вели во сооштението од Влада.
Во него се појаснува дека по стапувањето на сила на овие владини одлуки за поништување на противзаконските и еднострано донесени правни акти од министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, наведените министри донесле нови незаконски и еднострани правни акти кои се со идентични содржина и цел како правните акти кои Владата претходно им ги поништи и тоа во постапка која е повторно спротивна од Законот за Владата.
Во соопштението стои дека согласно член 30 став 2 од Законот за Владата, Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата, и врз основа на овој член Владата дејствуваше.
OhridNews