
Како што OhridNews дознава, на селектираните кандидати за раководители во јавните здравствени институции во Охрид, до минатиот петок им бил даден рок да претстават од 5 до десет проекти кои во периодот 2013/2017 година би се реализирале со цел развој на јавната институција .
Од владата не прецизираат кога ќе бидат објавени имињата на избраните раководители,освен дека целосно е завршено разгледувањето на писмените поднесоци и првата фаза од интервјуата со сите кандидати, по што следуваше и втората фаза од интервјуата со селектираните кандидати.
Со владиниот оглас за ангажирање на лица на раководни позиции што заврши на 31- ви мај, беа опфатени и менаџерските позиции во здравствените установи во Охрид- ЈЗУ Здравствен дом, Општа болница, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо и Центарот за јавно здравје-Охрид, како и ЈЗУ Здравствен дом Струга и струшката Општа болница. Огласот се однесуваше и на раководните позиции во КПУ Затвор Охрид, Казнено поправниот дом од отворен вид Струга, како и за НУ Музеј „ д- р Никола Незлобински“ Струга.
Т.К.











