
Источно Европската Група во ООН на која припаѓа и Република Македонија во ноември 2014 година завзеде заеднички став дека следниот Генерален Секретар на ООН, по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.
Како резултат на дипломатски консултации и високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оцени дека д-р Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата Генерален Секретар на ООН.
OhridNews











