Владата на Република Македонија одлучи да го номинира д-р Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија и 62-ри Претседател на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, за функцијата Генерален секретар на Организацијата на Обединетите Нации.

Источно Европската Група во ООН на која припаѓа и Република Македонија во ноември 2014 година завзеде заеднички став дека следниот Генерален  Секретар  на ООН, по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.

Како резултат на дипломатски консултации и  високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оцени дека д-р Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата Генерален Секретар на ООН.

OhridNews