Во изминатите месеци владата го вратила најголемиот дел од долгот што го имаше кон стопанството, информираат од владата напоменувајќи дека за враќање преостанале уште 19,5 милиони евра.

Како што информираат од министерството за финансии, обврските на државата кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи, кои на почетокот на септември кога започна акцијата на отплата на обврските кон фирмите,  изнесувале 92 милиони евра сега се намалени на 19,5 милиони евра.

Од средината на септември, државата својот долг кон фирмите го намалила за 72,4 милиони евра.

OhridNews