Владата и Здружението на новинари на Македонија ќе формираат работна група со цел одржување на дијалог поврзан со проблемите во медиумската сфера, информираше вицепремиерот Теута Арифи на денешната средба со новинарите.

Работната група ќе брои тројца преставници од владата и четири члена од ЗНМ.

Засега е утвдено дека Владата во работната група ќе биде претставена со вицепремиерот Арифи, како и со министрите за труд и социјална политика и за внатрешни работи, Спиро Ристовски и Гордана Јанкуловска.

Засега е непознато кои ќе бидат четворицата преставници од ЗНМ во групата.

OhridNews
извор: Makfaks