Комплетиран Управниот одбор на Јавното претпријатие Национален парк Галичица. Имено, Владата ги именува новите членови на одборот на местото на тројцата членови на кои од месец април им беше истечен мандатот.

Комплетирањето на составот на Управниот одбор се наведуваше како причина што сеуште не е распишан јавен конкурс за избор на директор на претпријатието со оглед на тоа што на актуелниот директор, Зоран Ангелоски, наскоро му завршува мандатот.

Како што беше потенцирано од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, јавниот конкурс за избор на директор го распишува Управниот одбор.

OhridNews