Ова, како што пренесува „Макфакс“, вчера го соопшти министерството за информатичко општество и администрација. Проектот ќе се имплементира во текот на 2012 и 2013 година.
„Единствено нешто што недостасува е техничко предзнаење за целокупниот процес, од воспоставување на систем за водење на нарачки, преку поврзување со процесор за плаќање со кредитни картички, до систем за поддршка и испорака“, стои во соопштението.
Во текот на 2012 година предвидена е изработка на виртуелни продавници за 50 претприемачи кои на лесен и ефективен начин ќе се стекнат со е-продавница. Истите ќе бидат и обучени за управување со ваков тип на виртуелна продавница од аспект на најновите технолошки и интернет трендови.
Претприемачите ќе бидат избрани на конкурс преку презентација на бизнис план, за чија подготовка ќе им биде обезбеден урнек. Најдобрите 50 бизнис планови ќе се квалификуваат за електронска продавница.
Избраните претприемачи ќе добијат готова продавница, почнувајќи од дизајн на веб-страната на продавницата, преку едноставен систем за водење на нарачки, модул за калкулирање на цена на поштарина според големина на кутија, тежина, дестинација, систем за рачно внесување на производи со опција за автоматски импорт, процесор за кредитни картици, како и хостирање во времетраење од една година по што самиот ќе треба да си продолжи со хостирањето на продавницата.
извор: „Макфакс“