Средствата ќе се користат за реконструкција на веќе постоечките училишта, како и за изградба на нови. Според изготвената програма, предвидени се над 120 реконструкции во 40 училишта, за кои ќе бидат издвоени над 6 милиони евра. Во внатрешноста на државата предвидена е и изградба на 14 модуларни училишта, за што од буџетот ќе бидат издвоени 1 милион евра.
Ќе се врши и изградба на 10 нови објекти и три доградби за големи училишта, со што според најавите од владата, ќе дојде до зголемување на капацитетот на веќе постоечките големи училишта за 40%.
Програма треба да се реализира до првиот квартал во 2014 година.