Владата ќе направи се за да не дојде до прекумерен пораст на цената на електричната енергија
03.10.11 09:17
Македонската Влада во својата програма вклучува голем број проекти од областа на електроенергетиката што ќе значат отварање нови работни места и инвестиции, подем за бруто домашниот производ и подобрување на националната економија. Поради тоа, за Владата е мошне важно да биде навремено инфорирана за најновите научни досгитгнувања, со цел истите да ги вгради во својата програма, се со цел поголем квалитет, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој учествува на седмото Советување на Македонскиот национален комитет во Меѓународната асоцијација на големите електрични системи што деновиве се одржува во Охрид.
Пешевски укажа дека либерализацијата на регионалниот енергетски пазар, како обврска што Македонија ја има преземено со стапувањето во енергетската заедница, во определни сегменти ќе донесе придобивки како што е привлекувањето повеќе странски инвестиции во областа. Тој посочи и на одредени негативни аспекти, оттаму што поголемиот пазар за електрична енергија значи и дерегулација на цената, односно може да се очекува во наредените години и притисок за зголемување на цената на електричната енергија.
– Познато е дека во Македонија во овој момент цената на електричната енергија е меѓу најниските во регионот. Ние како Влада ќе настојуваме колку е максимално можно да ја одржиме цената под контрола. Неопходно ќе биде да се изнајде баланс помеѓу процесот и брзината на либерализацијата и што ќе биде она што извршната власт ќе го прави за заштита на населението од прекумерен пораст на цената на електричната енергија, нагласи Пешевски.
Во рамки на годинешното советување истакнати експерти од Европа ќе ги презентираат своите искуства и размислувања на тема „Либерализацијата на регионалниот пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа“, а ќе бидат одржани и технички презентиации на афирмирани компании во областа на електроенергетиката. Ќе бидат претставени и резултатите од проектот „Предизвици на преносните системи оператори од ЈИЕ“, финансиран од Европската комисија преку програмата „ФП1“.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Наградата „Драги“, воспоставена во чест на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист кој остави траен белег во македонската култура со препевите на целокупното дело на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.