Владата ќе субвенционира авио-летови со цел привлекување туристи
12.05.12 00:19
Владата следната недела ќе распише меѓународен тендер за привлекување на авикомпанија со ниски цени на летовите, за што ќе бидат доделени и субвенции, најави премиерот Никола Груевски.
Како што пренесува „Макфакс“, обврска на авиокомпанијата ќе биде да отвори шест нови линии.
„Во тендерот ќе се предвидат 40.000 евра да бидат дадени веднаш, за првите шест линии, а потоа за секоја наредна линија дополнителни 30.000 евра еднократно. Плус, за секој патник којшто ќе заминува ќе има дополнителна поддршка на таквата компанија од 9, 8, или 7 евра, така што ќе биде една сериозна поддршка од владата со цел зголемување на бројот на туристи. Паралелно со тоа, на македонските граѓани ќе им се отворат нови авиолинии и нови можности за патување на полесен начин, на побрз начин и на многу поевтин начин отколку што тоа го имаат во овој момент“, изјави премиерот Груевски, кој очекува новите линии да започнат со работа во ноември или декември.
Меѓу другото, Груевски најави и нов закон за автокампови, чија цел ќе биде подобрување на условите во летните кампови во земјата. Доколку се донесе според предвиденото во јуни или јули, тој ќе започне да важи од следната летна сезона.
„Ова ќе внесе нов квалитет. На некој начин тој што ќе сака да има камп, ќе мора да вложи малку повеќе, да го направи малку подостоинствено од тоа што е сега со цел да се привлечат повеќе туристи“, изјави премиерот Груевски.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.