Владата на  редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт. Дарко Костовски, тренерот на Дејан Георгиевски преку социјалните мрежи информира дека тој и неговиот брат Борче како тренери се откажуваат од наградата 600.000 денари доделена од Владата со одлука на вчерашната седница.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост, напиша Костовски, кој додаде дека за нив како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медалот

Дочекот на Дејан Георгиевски, кој освои сребрен медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, ќе биде утре во 19:30 часот на плоштадот во Скопје.

Георгиевски ги повика граѓаните на заедничка прослава на најголемиот успех на независна Македонија на Олимписките игри, објави МОК на својот профил на Фејсбук.

Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток во 19:30 часот на триумфална порта на плоштадот заедно да го прославиме овој успех, истакна Георгиевски.

Македонскиот знаменосец од отворањето во Токио, освои сребрен медал во категоријата +80 килограми.

 

 

ОhridNews