На седницата на Владата што се одржува во Охрид, денеска и претходеа теренски активности на техничкиот премиер и дел од министрите. Тие посетија неколку фабрики во Охридско-струшкиот регион.
Претседателот на Владата Оливер Спасовски и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, придружувани од градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески и директорот на Царинската управ, Ѓоко Танасоски, ја посетија ЛТХ Леарница, компанија со словенечки капитал која се занимава со леење и машинска обработка на алуминиумски компоненти наменети за автомобилската индустрија. Во 2018 година компанијата започнува нова инвестиција од 15,3 милиони евра, со кој се прошируваат производствените капацитети и постоечките 500 работни места ќе се надополнат со 58 нови работни места.
Разговаравме, колку е важно партнерството помеѓу бизнис заедницата и Владата, помеѓу работодавачите и работниците, тоа партнерство дава резултати. Успешно е тоа што нудиме финансиска поддршка во делот на производството, таа можност ја користи и ЛТХ Леарница. – рече Спасовски.

Овде денеска можевме да видиме како се тестира моделот за усогласување на побаруваните занимања и гледам дека покажува одлични резултати. Од вкупно 40.000 ученици во средно образование само 15.000 се во техничките училишта и сметам дека треба да работиме на зголемување на оваа бројка. – рече Царовска.

Секоја општествено одговорна компанија треба да инвестира во младите луѓе, и со тоа да влијае врз подобрување на демографските процеси. – истакна Цубалески..

Учениците со задоволство доаѓаат да ја посетуваат практичната настава во оваа и во другите компании, а наставните планови и програми се прилагодени на потребите на компаниите. – рече Недески.

OhridNews
Фото: Влада












