Владата денеска промовираше нов пакет економско-социјални мерки, со кои најавува 6 до 8 илјади вработувања.
Премиерот Никола Груевски на прес конференцијата што се одржа во Скопје истакна дека мерките се внимателно одбрани и соодветно проектирани во услови кога има кратења во некои ставки од Буџетот.
-Овие мерки се реални и остварливи и не се плод на политички памфлетизам, рече Груевски.
Тој информираше дека за нивната реализација ќе бидат одвоени 13 милиони евра.