Ваквата одлука според градоначалникот Петрески е уште една потврда дека Охрид има “специјален негативен статус кај Владата“.
-Охрид е под класично економско ембарго од централната власт како она што Грција и го воведе на Македонија своевремено. Не ни даваат согласност ниту кредит да подигнеме за да ги платиме старите долгови кои ВМРО ДПМНЕ ги направи. Нас не ни даваат, а тие на секои 15 дена земаат по триесет милиони кредит за да исплатат пензии или друго нешто да направат.-вели Петрески.
За градоначалникот несфатлив е ваквиот потег на Владата, затоа што општината ги исполнува потребните услови за добивање кредит.
-Една година не играат и ни кажуваат донесете една па друга одлука. Се направивме, ги променивме одлуките во Советот и едногласно донесовме заклучок за кредитно задолжување, го намаливме и износот на кредидот од 6 на 4 милиони евра како што ни беше укажано и отатко направивме се што побараа ни стигна писмо дека сме одбиени.-објаснува Петрески.
Неодмна општина Охрид ја посети министерот за Локална самоуправа Невзат Бејта, кој истакна дека приоритет на Владата е на општините кои имаат проблеми, како Охрид, да им се помогне да влезат во втора фаза од децентрализација. Тој рече дека лично ќе се заложи тоа да се случи и дека ќе ја информира Владата за состојбата во која се наоѓа општината и напорите кои таа ги презема за сервисирање на старите наследени долгови, со цел да се изнајде решение за градот Охрид, кој останува и натаму во прва фаза од децентрализација заедно со Делчево, Виница, Желино, Вранешница и Пласница.