
Судот пресуди во корист на „Радко“ кој ја обжали одлуката на македонските судови кои го оспорија неговото делување и и наложи на македонската држава на здружението да му исплати отштета во висина од 5000 евра.
Од здружението чие седиште е во Охрид, охрабрени од одлуката на судот во Стразбур се погласно најавуваат дека ова лето „Радко“ ќе се пререгистрира во политичка партија, а како можен датум за промоција се најавува Илинден, 2-ри Август.
И додека „Радко“ најавува политичко делување во Македонија, на партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден и покрај позитивниот исход од тужбата на меѓународниот суд во Стразбур сеуште не и се дозволува судска регистрација на партија и покрај повеќегодишните обиди за тоа.












