Владата на Република Северна Македонија го утврди дополнетиот Предлог за Изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, откако текстот на предлогот за ребаланс на буџетот ја помина постапката на комисиска расправа во Собранието на Република Северна Македонија во комисиите за финансирање и буџет и Законодавно-Правната комисија.Новиот дополнет Предлог за Изменување и дополнување на Буџетот за 2019 година, кој ќе биде пуштен на усвојување на пленарна седница на Собранието, главно опфаќа реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки на почетните проекции.
Со прифатените измени на седницата на Владата на РСМ, се обезбедуваат средства за Колекторски систем за заштита на Охридското езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО.
Како што претходно беше кажано, со Ребалансот на Буџетот се издвојуваат 183 милиони денари за нов колекторски систем, како дел од мерките за заштита на Охридското езеро.












