
-Така беше со посетата на мексиканскиот милијардер Карлос Слим и сега со посетата на индискиот магнат Субрата Рој , кој посебно се интересирал за инвестирање во Охрид. Сметаме дека крајно непристојно и недипломатски е, Владата, во Охрид да носи високи странски гости, а да не го покани домаќинот, првиот човек на градот да им посака добредојде. Ги потсетуваме, конечно да се запрашаат со какви впечатоци се враќат гостите по сознанието дека не се виделе со градоначалникот на градот во кој престојувале и што ќе помислат за функционирањето на државата во која нема основна соработка на централната со локалната власт, стои во реакцијата на Локалната самоуиправа.











