Владата подготвува анализа за да ги намали трошоците на родителите на стартот на учебната година и утре на седница ќе усвои мерка за лимитирање на цените на производите, најави денеска премерот Христијан Мицкоски.

Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме, изјави Мицкоски.
Детали за новата мерка најави дека ќе бидат соопштени по владината седница на прес-конференција.
OhridNews











