Двете владејачки партии во Германија, ЦДУ и СПД постигнаа согласност да се одобри одредување датум за почеток на преговори со ЕУ за Македонија и Албанија, а Бундестагот, за олуката ќе гласа за одлуката во четврток.

Одлуката била донесена вчера на состанок на коалициските партнери во германската влада. Партијата на канцеларката Ангела Меркел- ЦДУ и социјалдемократите се согласиле дека почетокот на пристапните преговори со Македонија и Албанија ќе испрати важен сигнал за целиот регион.

Одлуката на коалициските партнери практично значи дека во Бундестагот е обезбедено мнозинство за двете земји. Германската влада е обврзана да бара одобрение од парламентот за одлуки кои се однесуваат на проширување на ЕУ. Се очекува согласност за одлуката да даде, најмалку, уште и партијата на Зелените.

Конечната одлука е во рацете на лидерите на ЕУ и се очекува таа да биде донесена на самитот закажан за средината на октомври годинава.

OhridNews

DW