ВМРО-ДПМНЕ со осуда за одлуката на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Николовски да даде оставка.

Според ВМРО- ДПМНЕ, Новаковски не успеал да им одолее на притисоците, кои доаѓале од самиот врв на СДСМ и дека тој бил условен и уценет од страна на СДСМ да го направи ваквиот чекор. Според владеачката партија, со ваквите притисоци СДСМ сака да ги избегне изборите и се обидува да го забави функционирањето на институциите задолжени за спроведување на изборите.

 Инаку, вчера по поднесувањето на оставката, медиумите објавија дека во своето образложение доставено до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, Новаковски објаснува дека се решил на ваков чекор затоа што била загрозена неговата непристрасност и доверба.

OhridNews