Денес во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Митрополитот Георгиј, го прими спортскиот херој Марко Пејчиновски со неговиот брат Андреј од Охрид.
Марко на 28 август, на празникот Голема Богородица, успешно го реализираше својот најнов подвиг, модифициран Ironman. Тој трчаше 7 часа и 47 минути од „Св. Наум“ до Струга, возеше велосипед 2 часа и 33 минути од Струга до „Свети Наум“ и пливаше 9 часа и 29 минути од „Свети Наум“ до Охрид.
За време на разговорот стана збор за верата и довербата во Бога, како и за Божјата поткрепа и помош при секој подвиг, а посебно кај оној што побарува исклучителен напор и посветеност, соопшти Дебарско-кичевската епархија.
Г.М.
Фото: Дебарско – кичевска епархија