Дебарско- кичевската епархија во рамки на одбележувањето на 30 годишниот јубилеј на Митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј, на одржаната свеченост во црквата “Света Софија”, одликува повеќе заслужни граѓани и верски лица со орден “Свети Наум Охридски” од прв ред.


Меѓу одликуваните се поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан за заслуги во изградбата на конаците во манастирот Св. Наум Охридски и Митрополит Горазд, за неговите заложби за враќање на манастирот “Св. Наум Охридски” под ингеренции на МПЦ.


Одликувани беа и академиците Цветан Грозданов и Петар Илиевски, а орден за заслуги му беше врачен и на поранешниот градоначалник на Охрид и директор на ЕМО, Никола Матлиески- Пашата за несебична помош при изградба и реконструкција на црковни храмови во рамки на Дебарско- кичевската епархија.

Орден од прв ред му беше врачен и на бизнисменот Трифун Костовски за бројни донации во духовните храмови во Дебарско- кичевската епархија.


Градимир Цветковиќ, поранешен директор на рудникот Тајмиште беше одликуван со орден за неговата несебична помош за манастирот Св. Богородица Пречиста во Кичевско.

На свеченоста присуствуваа повеќе членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, свештенството, градоначалниците на општините Охрид и Дебрца, како и голем број други гости и верници.

OhridNews