Во Митрополијата во Охрид се одржа средба помеѓу Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи КОВЗРГ, Даријан Сотировски. На средбата беше разговарано за прашања од значење за Дебарско-кичевската епархија и жителите на Охрид и околината. Беше истакната потребата од соработка во заштитата на недвижното и движното црковно културно наследство со кое Охрид е препознатлив во целиот свет.

Директорот Сотировски прими честитки за изборот од Митрополитот Тимотеј и притоа ја истакна својата почит за целокупниот придонес што г. Тимотеј го има за македонското општество во духовна, културна и етичка смисла. Учесниците на средбата најавуваат продлабочување на соработка во повеќе области од взаемен интерес.

OhridNews