Со акламација на изборното собрание, кое, се одржа во Општина Охрид за нов претседател на Фудбалскиот клуб Охрид одбран беше Владимир Алексијоски. Исто така одбрани беа и членовите на Извршниот и Надзорниот одбор.

  • Најпрво да и се заблагодарам на Локалната самоуправа на чело со градоначалникот Јован Стојаноски која прифати да го исправи на здрави нозе Фудбалскиот клуб Охрид, потоа едно големо благодарам и за Советот на Општина Охрид која едногласно донесе одлука за поддршка на фудбалскиот клуб и на сите кои ми укажаа доверба во изборот за нов предводник. Се надевам, дека со добра работа ќе постигниме во нашиот план да го вратиме градот на фудбалска мапа каде што припаѓа. – изјави Алексијоски.

Збор после назначувањето на Алексијоски за нов претседател на ФК Охрид зеде и градоначалникот Стојаноски. – Сакам да им посакам многу среќа на сите чинители во клубот почнувајќи од фудбалерите, тренерот и челниците. Охрид како град заслужува елитен спорт и ќе тежнееме секогаш да биде така.

Охридските бели сезоната ќе ја започнат во Третата македонска фудбалска лига со амбиции за влез еден ранг погоре односно во Втората лига. Третолигашката сезона започнува на 26 август.

Мх.П.