Охриѓанецот Владимир Четкар во понеделник, 23-ти мај, ќе одржи концерт на Менхетен, Њујорк во Rockwood Music Hall.

На концерт специјален гостин ќе биде D.C Larue (Ди Си Лару), голермата американска диско икона, кој за прв пат во живо со бенд заедно со Четкар ќе го изведе неговиот легендарен хит од 1976 година „Cathedrals“.

На предходниот настап на Четкар во Њујорк, D.C Larue беше гостин во публика кога и се инспирираше и реши овој долго планиран настап да го реализира со Четкар што е навистина огромна чест,-велат од тимот на Владимир Четкар.

Музиката на D.C Larue е една од најсемплованите во светот, а според едиторите на GQ Magazine тој е еден од 6-те најкреативни артисти којуште долго време ќе го дефинираат успехот во декадите што доаѓаат.

Четкар на Менхетен ќе настапи со своите долгогодишни соработници Милан Милановиќ, Мото Фукушима и Арон Стил.

OhridNews