Во мај и јуни македонскиот музички автор и гитарист Владимир Четкар ќе одржи пет концерти низ Америка со кои ќе го промовира својот најнов студиски албум ‘Let Us Be’.
Првиот настап е во Чикаго во Skadarliya овој петок, 16 мај, а наредната недела, 23 мај, ќе одржи концерт во Њујорк во Chelsea Table and Stage.
Во Детроит, на 30 мај, ќе настапи во Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall, додека следниот ден, 31 мај, турнејата продолжува во Колумбус каде ќе настапи во Natalie’s Grandview.
Мини турнејата ќе заврши на 7 јуни со концерт во Кливленд во Bop Stop at The Music Settlement.
На сите концерти Четкар ќе биде придружуван од врва интернационална екипа на музичари.
Турнејата е поддржана од македонското Министерство за култура.
OhridNews