Со три настапи, охриѓанецот Владимир Четкар ќе ја заврши мини турнејата во Македонија:

Струга (сабота, март 12 во 22:00 часот) – Женска Плажа
Скопје (сабота, март 19 во 21:00 часот) – Даблинер
Куманово (недела, март 20 во 21:00 часот) – Нама Кафе

Веднаш потоа, Четкар заминува за Њујорк од каде ќе започне уште една американска турнеја, која  покрај поголемите градови на источното крајбрежје на САД ќе го опфати и западното крајбрежје.

Владимир Четкар за прв пат концертно ќе настапи и во Торонто, Канада.

OhridNews