Владимир Глигоров: Македонија треба да размислува за нов аранжман со ММФ
04.11.08 00:07
Македонија внимателно треба да ја води економската политика, бидејќи светската финансиска криза ќе остави глобални последици кои повеќе или помалку ќе ги почувствуваат сите земји, предупредуваат експертите.
Владимир Глигоров, од Виенскиот институт за меѓународни компаративни економски студии, смета дека во услови на дефлација или мала инфлација може да се размислува на релаксирање на монетарната и фискалната политика, но според него тешко ќе биде да се обезбедат странски кредити со поволни камати, од што зависи и кредитниот курс на земјата.
-Кога е инфлацијата доброчудна се отвора можност да се размислува за релаксирање и на фискална и на монетарна политика, доколку има евентуални рецесиони движења. Во овој момент нема такви сигнали, а проблем ќе биде и да се дојде до странски поволни камати, смета Глигоров. Според него но доколку се сака, а што би било добро, монетарната политика Македонија сака да се прилагоди на новите инфлаторни ефекти не би било лошо да има некоја поддршка од Меѓународниот монетарен фонд-ММФ, за да може кредибилитетот да се зголеми, и тогаш би можело да се размислува за релаксирани потези и во монетарната и во фискалнат политика, додава Глигоров. Според него постои простор да се дискутира за аранжман со ММФ, што пак не е во плановите на Владата. Сепак, смета Глигоров, во блиска иднина треба да се размислува за тоа.
Наспроти Глигоров, заменик претседателот на Владата, Зоран Ставрески, јасно стави до знаење дека владата не отстапува од својата економска политика, во која не се предвидува аранжман со ММФ. Политиките на владата економијата во фискалниот и во монетарниот сектор се поздравени и од ММФ, од Светската банка, како и од Европската комисија, како здрави политики кои што придонесуваат за развој на економијата во Македонија, подобрување на бизнис климата и макроекономска стабилност и тоа ќе остане наша ориентација. Во тој дел ние соработуваме со ММФ преку консултации и така ќе остане и понатака, рече Ставрески.
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид, под мотото „ЗДРАВ ЖИВОТ, ЗДРАВО СРЦЕ“ о...
На 20022026 година во 16:00 часот во СВР Охрид, 48-годишно лице со живеалиште во село во општина Дебрца, пријавил кривично дело „Насилство врз дете“ сторено од наставник во основно училиште во село...
Советот на Општина Охрид следната недела, на 27 февруари, со почеток во 9 часот ќе ја одржи седмата седница На Дневен ред се 17 точки меѓу нив и предлог одлуката за започнување постапка за присоеди...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.