Прославениот македонски кошаркар, Владо Илиевски активно се вклучи во трката за изборот на нов претседател во Македонската кошаркарска федерација.
Кошаркарот кој со својата епска тројка против Литванија вети дека ако ја добие трката со сегашниот претседател Петар Наумоски и поранешниот Даниел Димевски ќе ја донира својата плата за помош на младите кошаркарски надежи во нашата земја.
– Зад себе имам интернационална кошаркарска кариера и верувам дека со својата посветеност и искуство ќе го вратам сјајот на нашата кошарка. Доколку дојдам на чело на МКФ, со цел да им помогнам, дополнително да ги мотивирам и поттикнам младите таленти во овој спорт, ќе ја донирам мојата плата за нивниот професионален развој. – вели Илиевски за Фокус.
Илиевски минатата сезона во дресот на Работнички ја заврши богата кариера, а поддршка во кандидирањето за прв човек во македонската кошарка добил од големи кошаркарски имиња во нашата земја.
OhridNews