Забавата за дочекот на новата 2015 година на градскиот плоштад ќе започне во 21 часот со настапот на охридскиот естраден уметник Петар Нечовски, по што ќе следи настапот на групата „ Камелеон“. Како финале на забавата ќе бидат познатите рефрени на македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски кој ќе ги забавува присутните околу полноќ. Нема да изостане и огнометот со кој ќе се означи почетокот на новата година.
– Верувам дека со овој избор на пеачи и групи ќе го привлечеме вниманието на гостите и на охриѓани кои за дочекот на Новата година ќе се на градскиот плоштад каде ветуваме дека ќе има добра забава и се надевам дека новата година ќе се дочека во добро расположение, изјави раководителот на секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.
Забава на градскиот плоштад ќе има и деновите пред најлудата ноќ. Од 22- ри до 31- ви декември на плоштадот е предвидена богата културно- уметничка програма, која за време на работните денови ќе трае од 18 до 20 часот, а во деновите од викендот од 12 до 18 часот.
– Како и минатата година, целта е да ги анимираме охриѓани и гостите да во овој период, во пресрет на новата година, излегуваат и го посетуваат плоштадот кој годинава е прекрасно украсен и со тоа ја збогатиме туристичката понуда, додава Апостолов.
Предвидено е да настапат ученици од основните и средните училишта од градот, културно- уметнички друштва, ансамбли, танцови групи и охридски рок состави.
Т.К.