Од владејачката ВМРО ДПМНЕ, за OhridNews изјавија дека во наредниот период ќе се согледува работата на раководителите и доколку кај некој од нив бидат воочени незадоволителни резултати, истите ќе бидат повикани на одговорност. Оттаму укажуваат дека засега нема конкретна одлука за смена на некој вршител на раководна функција во Охрид, но не ја исклучуваат можноста тоа да се случи по завршување на анализата на работата на директорите именувани од власта.
Ваквите најави ги подгреаа шпекулациите во јавноста, но и амбициите на поединци кои преку пробни балони во медиумите веќе себеси се промовираа во раководители и директори.