Власта подготвува законски измени за да ги догради патните делници Миладиновци-Штип и Кичево- Охрид, пренесува „Макфакс“. „Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурните проекти за изградба на патната делница Миладиновци-Штип и патната делница Кичево-Охрид, ќе се овозможи продолжување на рокот за изградба на патна делница Миладиновци-Штип, кој ќе биде составен дел на договорот“, пишува во образложението на предлог-законот.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во јуни на средба со кинеската амбасадорка Јин Лисијан разговарал за инфраструктурните проекти поддржани од Кина и за проблемите настанати при изградбата на автопатиштата Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Сугарески побарал поддршка од кинеската страна за побрзо надминување на состојбата.

OhridNews
извор: „Макфакс“