Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Магла со видливост 20-30 метри има на патниот правец Лисец-Попова Шапка.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews