Влазними и Беласица се договарале, Стефков го плати цехот
27.10.10 08:49
Имало обиди натпреварот Влазними – Беласица одигран во Струга во неделата да биде наместен, иако двата клуба “пуштиле“ рака до такво нешто не дојде, но за нивниот пазар цехот го плати судијата Стефков.
– Да имаше такво барање од Беласица да им го пуштиме овај меч и се` беше договорено. Сепак на еден час пред мечот ни јавија дека договорот не важи дека ќе се игра чесно. Но според наши сознанија тие договориле двајца наши играчи за што секако ќе покренеме истрага. Веројатно ова беше причина за нервозаата и за она што се случи. Влазними како клуб претпре најголема штета од овај случај – вели за Македонски Спорт, секретартот на клубот, Илир Бектеши.
Како што пишува весникот од раководството на Беласица побарале од стружани им го “пуштат“ овај меч а за возврат ќе им дадат шест бода се разбира од други терени, односно ќе ги совладаат нивните конкуренти. Иако начелно се` било договорено, сепак на еден час пред стартот на мечот од Беласица излегле со став дека ваквиот “дил“ не важи и дека ќе се игра чесно.
Цехот за нивната “скриена“ камера ни крив ни должен го плати скопјанецот Симеон Стефков кој по одиграните 45 минути беше физички нападнат по што завршил во охридската болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо. Тој за “Дневник“ открива што се случувало во Струга.
– Фудбалски се’ беше чисто. Не им дадов никаков повод. Едноставно кога означив крај на полувремето, пред боксот за делегатот дојде голманот и протестираше. Му покажав жолт картон, а тогаш од едно лице, за кое разбрав дека е функционер на клубот, добив најпрво шлаканица, а потоа и бокс. Тоа како да беше повод за преостанатите 10-15 цивили да се истурат на мене. Од тепањето имам видливи траги и расеченици по главата, телото и по нозете. Полицијаците што беа присутни не интервенираа, а оние што се обидоа да ме заштитат добија закани дека ќе им биде доведено во прашање работното место – ја прераскажа својата голготата Стефков.
ФФМ го суспендираше теренот на Влазними, и најверојатно ги очекува драконска казна за овај инцидент. Пред три сезони кога во Велмеј беше прекинат натпреварот поради напад на главниот судија Стојанче Стојанов, тие беа казнети со 12 натпревари играње надвор од 100 километри.
Вечерва со ждреб беа одредени групите и распоредот на натпревари на 50-то јубилејно издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ – Мешеишта Натпреварите почнуваат на 18 јуни, среда со натпре...
Преструктуираната Јадранска Teqball лига започна во Охрид, а публиката на преполните трибини уживаше во врвен Teqball натпреварувачки спектакл Се играше во две категории – машки сингл и машки дубл ...
Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидис го врати во своите редови некогашниот капитен Дамјан Серафимов Серафимов претходната сезона настапуваше за екипата на Брегалница Штип а покра Охрид Лихнидос ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.