На 06.03.2011 година во 00,10 часот телефонски во охридската Полициска станица  А.Г. од Охрид, пријавил дека претходниот ден во времето од 18 до 23 часот,  непознат сорител со употреба на подесен предмет ја отворил балконската врата, влегол внатре и по извршено пребарување по собите од спалната соба, од станот одзел разен златен накит (огрлици, прстени, обетки, белегзии), 700 евра и околу 2.000 денари.

СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот.  

OhridNews