Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против 29-годишно лице од кичевското село Грешница.

– Пријавениот, во текот на октомври, ноември и декември 2016 година со намера да стекне со противправна имотна корист, во 11 наврати неовластено навлегол во електронски систем на Мастер кард во сопственост на лице од Кичево. На тој начин предизвикал невистинит резултат при електронската обработка и преносот на податоците, по што извршил трансвер на парични средства во износ од 137.000денари кои противправно ги присвоил, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews