Филмот на Теона Стругар Митевска „Господ постои името и’ е Петрунија“, добитник на повеќе меѓународни награди, на 25 мај, сабота, премиерно ќе биде прикажан во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 20 часот.

Организаторите на проекцијата информираат дека влезниците за филмот ќе се продаваат на билетарницата при центарот за култура и тоа денеска во периодот од 11 до 17 часот, а утре, на денот на проекцијата, од 10 до 20 часот.

Салонот за продажба на користени возила „Терен ауто плус“, пак, обезбеди бесплатни влезници за десетмина посетители на фан страната на салонот на Фејсбук, каде во те е наградна игра.

Се што треба да направите е да ја лајкнете фан страната на „Терен ауто плус“ на Фејсбук, да кликнете „Like“ и „Share“ на постот со наградната игра и во коментар под него да ги оставите вашите податоци (име и презиме).

Десетте среќни добитници на влезници ќе бидат избрани компјутерски по случаен избор и ќе бидат јавно објавени на фан страната на „Терен ауто плус“ во сабота во 12 часот.

OhridNews