Приведувањето на Катица Јанева е чекор кој требаше да се случи уште првиот ден кога излезе скандалот „Рекет“. Овој временски простор кој го имаше од излегувањето на скандалот „Рекет“ до денес поминаа повеќе од 40 дена, и тоа е простор во кој Катица Јанева имаше време да брише докази, да крие докази, да влијае врз сведоци, и да работи се останато во нејзина корист. Ова денеска на прес конференција го изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски.

Тој рече дека според виденото, Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција.

Скандалозно, па дури и смешно е тврдењето на Јавното обвинителство дека двајцата осомничени барале 8 милиони евра, а Катица Јанева која ја завршила практично главната работа за која што биле барани парите, земала само предмети во вредност од 4.500 евра. Скандалозно, смешно и потценувачки за интелегенцијата на граѓаните кои и што самите видоа како што се одвиваше целиот случај на рекетирање.Се додека не се стигне до главните инсипиратори и нарачатели, да се дознае улогата на политичарите, на Кики, на Фрики, и на Шеки, на главата на Октподот Зоки Поки, нема да има правда во Република Македонија. – рече Арсовски.

Тој додаде дека апсењето на Катица Јанева не смее да се претвори во акција за спас на кариерата на Зоран Заев кој е целосно компромитиран и разнишан.

Затоа потребно е да се знае која била улогата на Кики, која била улогата на Фрики, која била улогата на сите оние кои што потпишуваа меморандуми и беа блиски соработници на „Меѓународен сојуз“, која е хуманитарна фондација на еден од осомничените, точно да се знае одговорноста на главата на криминалниот октопод. Што знае Заев за овој случај и да се утврди каде се парите земени од рекетот? Дали во оваа афера се вмешани и други обвинители кои се дел од урнисаното СЈО кое нанесува неправда, наместо да донесе правда во Република Македонија, за што и беше формирано. – праша Арсовски.

Во врска со најавата дека Советот на јавни обвинители ќе назначи В.Д претседател на местото на Катица Јанева, Арсовски истакна дека законот е прецизен и јасен на кој начин се бира специјален јавен обвинител па дури доколку тој е вршител на должност каков што во моментов треба да биде назначен.

Она кое што го сугерираше на прес конференција првиот соработник на Зоран Заев, Љубомир Јовески е само една сугестија и една желба негова и на Зоран Заев да назначат уште еден јавен обвинител , уште еден рекетар кој што во иднина ќе може да продолжи да ги врши сите нарачки и задачи од главата на октоподот а тоа е Зоран Заев. Значи во моментов не ни е потребен уште еден рекетар на местото на јавното обвинителство туку односно кое што ќе го назначат првиот соработник на Заев Љубомир Јовески и Зоран Заев, туку ни е потребен јавен обвинител на специјалното јавно обвинителство кое што ќе се бира согласно законот за специјално јавно обвинителство кое што е повеќе од јасен и не може првиот соработник на Заев Љубомир Јовески сам да си сугерира како да се избере нов специјален обвинител, нов рекетар кој ќе ја замени Катица Јанева. – истакна Арсовски.

OhridNews