Општинската ВМРО ДПМНЕ со обвинувања до Локалната власт и градоначалникот што Охрид е на врвот на најзагадени градови во Македонија, наведувајќи дека актуелната власт не презема ништо за да се справи со проблемот.

  • На мерната станица ,,Марко Цепенков“ во текот на вчерашниот ден се измерени најмногу 488 мг на метар кубен ПМ честички во воздухот во Охрид. Охриѓани место воздух дишат отров. Власта и градоначалникот Георгиески воопшто не се подготвени за решавање на проблемите, туку создаваат нови и нови. Депонијата „Буково“ гори, урбанизацијата во централното градско подрачје воопшто не е прекината, градежна механизација насекаде, континуирано се сечат дрва и се уништува зеленилото, хигиената е на најниско ниво, улиците со кал и прашина воопшто неизметени и за жал секојдневно никнуваат нови депонии во градот, велат од Ок на ВМРО ДПМНЕ.

Додаваат дека е крај на годината, а од изградбата на фабрика за отпад нема никаква трага.

  • Многу блиску е и месец февруари, господине Георгиески треба да им одговорите на УНЕСКО што направивте од ветеното со депонијата „Буково“. Георгиески воопшто не обезбедува услови за здрав живот за сите, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews