ВМРО-ДПМНЕ го повикува парламентарното мнозинство што поскоро да створи услови за распишување на локалните избори.

-Ние како партија сметаме дека граѓаните треба час поскоро да добијат можност да ја изберат новата локална власт и предлагаме локалните избори да се одржат во најбрзо можно време, согласно законски предвидените рокови, односно првиот термин кој сметаме дека е соодветен за одржување на брзи локални избори во интерес на граѓаните и општините би бил 2 јули. Според нас овој датум е најдобар за граѓаните и со одржување на брзи локални избори сите ќе може сериозно да се фатат за работа и да почнат да испорачуваат резултати на локално ниво.

Доколку парламентарното мнозинство не е спремно за брзи локални избори во јули, вториот термин кој што е прифатлив е средината на септември, односно одржување на локални избори на 17-ти или 24-ти септември.

Доколку парламентарното мнозинство на СДС, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците не е спремно за избори во средината на септември, тогаш третиот датум кој што сметаме дека е соодветен е локални избори на 15-ти октомври. – рече Милошоски.

Реагираше СДСМ која апелира ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство и лицемерно да лицитираат со датуми за локални избори како да се на лото емисија.

-Раководството на ВМРО-ДПМНЕ виде што предизвика нивната неодговорност кај граѓаните, дека ги оставија луѓето од понеделник без плати и можноста да ги добијат основните општински услуги. Видоа колкава политичка штета си нанесоа од оваа врвна несериозност и затоа панично се обидуваат да глумат лажна загриженост. Безобразно е тоа кон граѓаните.- велат од СДСМ.

OhridNews

Заев: Постојат докази дека шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се директно инволвирани во нападите