Наместо да им помогнат на охриѓани во време на пандемија и економска криза, власта и јавните претпријатија им испорачаа повисоки сметки за вода за пиење и двојно поголеми сметки за колектор, обвини денеска ВМРО ДПМНЕ. Партијата на следната седница на советот најави дека ќе бара разрешување на директорот на јавното претпријатие.

Градоначалникот Георгиески и Директорот на ЈП „Водовод“ своето недомаќинско работење го надополнуваат со нови партиски вработувања на сметка на парите на граѓаните. На предлог на ВМРО-ДПМНЕ Охрид на 58 седница на Советот на општина Охрид има точка на дневен ред со која се бара од градоначалникот Георгиески да го разреши директорот на ЈП „Водовод“ – Охрид. Предлогот за разрешувањето е поради катастрофалното менаџирање, направената загуба од 6 милиони денари и покрај повисоките цени на водата за пиење и предизборните партиски вработувања. – соопшти ВМРО ДПМНЕ.

Опозициската партија ги повика останатите советници да го поддржат барањето за разрешување на директорот на ЈП „Водовод“, а таткото на градот да ги застапува интересите на охриѓани, а не да биде заложник на личните и партиските интереси.

OhridNews