Советничката група на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата, до локалната самоуправа  поднесе барање за свикување итна седница на советот, на која би се расправало за донесување на ребаланс на средствата во општинскиот буџет и обезбедување средства за да се извршат законските обврски за рушење на дивоградбите во село Трпејца.

–    Локалната самоуправа, за жал, е таа која не си ги почитува сопствените закони и одлуки и со тоа покажува дека овој состав на локалната самоуправа не води грижа за Охрид и заради тоа треба да се случат радикални промени за да се заштити градот, вели координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, Дејан Паноски.

OhridNews