Распуштање на Собранието и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските оваа пролет, побара вечерва лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој смета дека целиот процес на уставни измени се водел незаконски и со сила и дека овој ден ќе биде запаметен како „црн петок“ во македонската историја.

На предвремените избори ВМРО ДПМНЕ ќе победи и така волјата на мнозинството граѓани ќе биде испочитувана. Народот дава и зема власт, затоа избори се потребни на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. Избори на кои народот ќе каже дали е за Северна Македонија на Заев понижена и во црнила или за просперитетна Македонија. 

Христијан Мицкоски

Запрашан кои ќе бидат идните чекори на ВМРОД ДПМНЕ, Мицкоски на новинарите им одговори дека ќе видат, но дека  сега е најважно час поскоро да се одржат вонредни парламентарни избори.

Потребни се вонредни избори за да може мнозинството да му даде одговор на Заев за тоа што и го направи на Македонија во изминатите две години. Сите опции се отворени. Ова што денес се случи претставува црн петок за Македонија, за македонскиот народ и нација.

Христијан Мицкоски

OhridNews