Благодариме Македонијо, победивме уште еднаш, изјави на прес конференција членот на највисокото партиско раководство на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев. Денеска се случи десеттата по ред победа на ВМРО ДПМНЕ 10:0! – изјави Влатко Ѓорчев.

Тој истакна дека семафорот покажува разлика и победа за ВМРО ДПМНЕ. Ѓорчев рече дека ВМРО ДПМНЕ води со околу 20.000 гласови и граѓаните докажале и покажале дека се проитив црни сценарија. Додаде дека коалицијата со 25 партии не се борела само против СДСМ.

-Сепак не потклекнавме, напротив останавме на нозе, иако ни даваа три дена за оставка, ништо од тоа не успеа, имаме 20.000 гласови во моментов повеќе од СДСМ, но ќе имаме уште повеќе. – рече Ѓорчев.

Toj потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ убедливо победила кај Македонците и ја добило поддршката од другите етнички заедници, додека СДСМ добила голема поддршка од Албанците.

Ѓорчев информира за резултатите според досега обработените гласови. Меѓу општините во кои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата води, тој ја наведе и општина Охрид. Како што рече Ѓорчев, во Охрид за ВМРО ДПМНЕ гласале 16.800, а за СДСМ 14.700. 

OhridNews