Секој ден е нов пик, вчерашната бројка од 641 заболени е вина на Комисијата, која треба да се замени со нова Специјална комисијата од експерти, велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и од првично најавуваните 2.000 заболени за цела пандемија, сега имаме 2.000 за само една недела. Власта предлага несуштински мерки за борба против пандемијата, уште од самиот старт во март пристапот е погрешен и политикантски. Комисијата за заштита од заразни болести е главниот виновник за високиот број на заразени и починати. Комисијата наместо стручност демострираше политика. Токму затоа е потребно формирање на Специјална комисија која ќе биде составена од професионалци, експерти во своите области кои здравјето и интересот на граѓаните ќе ги стават пред лично партиските интереси на партијата на власт. – стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ, потребен е систематски пристап кој ќе резултира за подобрена општа здравствена состојба и силна економија.

Милошоски: Новиот предлог-закон за за заштита на населението од заразни болести не е за хронично болните, туку само за зголемување на надлежностите на инспекторатите

Во врска со реакциите на министерот за здравство Венко Филипче за блокадата на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно пратениците на оваа политичка партија сакаат да го блокираат законот и новите мерки за превенција од понатамошно ширење на корона вирусот, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека се работи за спин. Тој во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија истакна дека постои актуелен закон за заштита на населението за заразни болести. A од Владата предлагаат измени во тој закон. Но, измените се однесуваат само на зголемување на надлежностите на инспекторатите.

Измените пристигаат до Собрание и пратениците бараат еден ден да ги разгледаат. А знаеме што се предложените измени, бидејќи Владата најави дека во тие измени се предлагаат мерки за борба против пандемијата. Кога ги прочитавме измените, ги има и на собранискиот сајт и може да се проверат, гледам дека во предлог – законот кој што го нуди Владата и министерот венко Филипче нема ниту една мерка што се однесува на зајакнување на капацитетите на Комисијата за здравство, на капацитетите на центрите кои што прават тестирање, нема мерка која што се однесува на хронично болните или на пензионерите. Значи во овој предлог-закон има едниствено односно предложени се зголемување на надлежностите на инспекторатите, трудов, пазарен, за транспорт и така натаму, како тие во иднина и се наведуваат казните, при контролирање на субјектите кои што требаат да применуваат мерки – како можат да пишуваат санкции. Тоа се едниствените работи кои што се наведени во предлозите. И затоа ние предложивме средба која што се одржа помеѓу министерот Филипче и Вело Марковски од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, за да се предложи барем една мерка од наша страна која е и суштинска во останатите европски држави, а тоа е да формираме Специјална државна комисија за борба против пандемијата. Таа да биде составена од 9 експерти и по функција да учествуваат во таа комисија и министерот Филипче и директорот за управување со кризи, посочи Милошоски.