ВМРО ДПМНЕ реагира на ставовите изнесени на прс конференцијата на Здружението на бродари, на која присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Оттаму укажуваат дека власта е заинтересирана да се изнајде решение за проблемот кој доведе до забрана за пловидба на патничките бродови, но и оти тоа мора да биде во рамки на законот.– Ја информираме јавноста дека Владата на Република Македонија
разговараше и ќе разговара со сопствениците на бродови за да помогне
и да се најде соодветно решение во настанатата ситуација , но притоа
мора да се почитува законската регулатива која е усогласена со законите
на Европската Унија од областа на внатрешна пловидба . Нам пред се ни е
најважна безбедноста на патниците и сигурноста на превозот и исклучиво
во таа насока го бараме и ќе го бараме решението преку усогласување со
позитивната законска регулатива од оваа сфера.-велат од ВМРО ДПМНЕ.
инвестиции во културното наследство и туристичката понуда , во високото
образование и во многу други сфери . Охрид туристички е претставен на
ЦНН . Да имаше Охрид квалитетна локална власт секако дека ќе
профитираше од овие проекти. За разлика од ВМРО ДПМНЕ , СДСМ никогаш
ништо не инвестирални тока во Охрид , освен во лагите ,инаетот и манипулациите на нејзиниот репрезент Александар Петрески чии впрочем активности значат само блокирање и уништување на Охрид.– стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.












